Силјановска-Давкова: Не може некој што живее надвор од земјава да се попишува овде

од Nikola Popovski

„Не можеме да зборуваме за статистички процес, ако во законот нема правни гаранции за тоа. Демократија значи точно утврдени правила, а неизвесен резултат – пописот“, вели пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова за емисијата „24 анализа“.

„Лидерот на ДУИ вчера рече жители се оние дома и оние надвор и сите треба да се попишат. Е, не е така. Само тие дома се жители, а тие надвор се жители во странските земји, ама имаат и македонско државјанство. Нивното попишување, и да се електронски и да е овде, не гледам со каква цел би било. Ниеден меѓународен стандард не зборува за државјани на една држава кои се надвор подолго од 12 месеци, бидејќи тие влегуваат во пописната маса надвор“, смета Давкова.

loading...

Слични содржини