Силјановска Давкова: Опозицијата ќе бара интерпелација на Николовски и Маричиќ

Во Собранието денес, пратеничката од опозицијата, Гордана Силјановска Давкова информираше дека ќе биде поднесена интерпелација и за првиот вицепремиер на Владата задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, како и министерот за правда, Бојан Маричиќ.

„Сведоци сме деновиве на засилена „сеизмичка активност“ во Македонија, секој ден има „земјотреси“ но соочени сме и со еден со сила на земјотрес, шок кој што дојде од Транспаренси Интернешанал бидејќи да се најдете на 111-то место на листата на корупција значи да бидете во слободен пад, значи да се одвоите, тектонски, од европското политичко, демократски и правно тло и да се преселите во Евроазија и Африка во друштво на Монголија, Панама, Сиера Леоне. Можеби е ова момент за катарза. Зошто го велам ова? Бидејќи сличен феномен може само во летературата да најдете кај Данте Алигери во Пеколот“, истакна Силјановска Давкова.

Што се однесува до Маричиќ пак, Давкова вели дека тој треба како министер ова да го предвиди, и вели, очигледно е во 4 години дека се продлабочува корупцијата.

Како што е познато, на прдлог на ВМРО-ДПМНЕ, во собраниска процедура веќе е и интерпелацијата за работата на вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров.

Слични содржини