Силна експлозија во Шкотска, уништена зграда (ВИДЕО)

од Milan1

Силна експлозија се случила во населено место на Јужен Ејршир во Шкотска, уништувајќи најмалку една станбена зграда.  Локалните жители вчера изјавија дека ја слушнале експлозија нешто по 19 часот по локално време.

Неколку локални жители на социјалните мрежи напишаа дека нивните куќи се потресени од експлозијата.  Засега не е познато што го предизвикало инцидентот.

Полицијата побара од граѓаните да не се приближуваат до местото на настанот.

Слични содржини