Силно невреме погоди руски град, едно лице загина (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Едно лице загина, а шест се водат како исчезнати, меѓу кои и три деца, кога поради обилните врнежи во областа Сочи, водата однела два автомобили во Црното Море.

Според агенцијата „Интерфакс“, истражниот комитет на Краснодарската област соопшти дека во автомобилите имало осум лица, од кои едно е пронајдено мртво, едно е спасено, а потрагата по уште шест лица е во тек.

Меѓу исчезнатите има три деца.

Во потрагата е вклучена и авијацијата на Министерството за вонредни состојби.

Поради обилните врнежи во областа на Сочи, нивото на реките е зголемено, а улиците во некои населени места се поплавени, пренесува РИА Новости.

Слични содржини