Силно невреме во Сараево и Загреб (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Силно невреме го погоди Сараево и Загреб денес во попладневните часови.

Поради силниот ветер кој започна да дува околу 20 часот, дрво падна врз автомобил во Загреб. Во околината на хрватската престолнина падна и град, јавуваат хрватските медиуми.Метoалармот бил вклучен во повеќето делови на земјата поради грмотевици и силен ветер.

Во Горња Дубрава од ветерот паднало дрво врз автомобил, а како што пренесуваат корисниците на социјалните мрежи, дождот и ветерот стануваат се посилни, пишува 24 сата.

Ништо не е подобро во Сараево, Босна и Херцеговина. Дневни Аваз пишува дека сообраќајот е во застој бидејќи тешко може да се разминат поради големата колична на вода низ улиците.

Слични содржини