Силното невреме во Европа, четири лица ги загубија животите (ВИДЕО)

од Milan1

Силно невреме во четвртокот зафати неколку делови на Европа, при што четири лица ги загубија животите во Полска.

Според полските медиуми, најтешко погоденото подрачје е западниот град Вроцлав. Невремето обори дрвја и предизвика значителна штета, а сообраќајот беше во прекин во некои делови на Полска.

Освен во Полска, невремето ги зафати и француските региони Бретања и Нормандија, каде оштети неколку куќи и предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија за речиси четвртина милион домаќинства.

Невремето ги зафати и Германија, Холандија и Белгија, каде оштети покриви на многу згради, вклучително и дел од стадионот во белгискиот град Антверпен, пренесе АП. Во Берлин две зоолошки градини се затворени поради прогнозираниот силен ветер, а животните се преместени во затворени засолништа.

Невремето погоди и делови од јужна Англија каде што беа издадени предупредувања за поплави поради обилните врнежи.

Слични содржини