Силва: Разочаран сум како ме избркаа од ПСЖ, не го заслужив тоа

од Vladimir Zorba

Тијаго Силва, бразилскиот дефанзивец кој потпиша за Челси ова лето, изјави дека е разочаран од начинот на кој беше исфрлен од ПСЖ.

Силва, фудбалер кој беше во ПСЖ осум години и беше капитен на тимот, е особено разочаран од сонародникот Леонардо, спортскиот директор на францускиот шампион.

– Таа ситуација ме налути. Не ми се допадна како заврши. Ја разбирам паниката околу блокадата, коронавирусот, но … Леонардо ми се јави и ми ја објасни ситуацијата околу пандемијата и сè. Всушност, тој прво ме праша дали ќе останам уште два месеци да му помогнам на тимот во финалето од Лигата на шампионите. Реков дека не ми претставува проблем. Тогаш тој ми рече дека тоа е сè и дека клубот нема да ми понуди договор по тие два месеци. Сè требаше да биде поинаку, секогаш давав максимум за ПСЖ, никогаш не ги изневерив. Му дадов осум години на тој клуб и на крајот тоа време не вредеше ништо?“

Бразилецот е разочаран и од односот на клубот кон Единсон Кавани.

„Леонардо го стори тоа на незгоден и избрзан начин. И не само со мене. Тој му го стори истото на Кавани, најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ. Се надевам дека клубот ќе научи нешто од овие мои зборови и никогаш повеќе нема да направи слична грешка“.

Силва минатата сезона одигра дури 35 натпревари за ПСЖ. Освои вкупно 23 трофеи и собра 315 настапи за клубот од Паркот на принцовите.

Слични содржини