Силва: С.Македонија спроведе многу важни реформи, време е ЕУ да испорача

од Берта Китинска

Oтворањето на пристапните преговори со Скопје и Тирана е меѓу приоритетите на португалското претседателство, изјави португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва, чија земја го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ на 1 јануари.

Тој посочи дека ЕУ досега испорачала многу барања до Северна Македонија. Земјата мораше да спроведе голем број многу важни реформи, па дури и да го смени своето име.

-Тие ја завршија својата работа. Сега е време ние да го завршиме нашето, нагласи Сантош Силва на онлајн брифинг за новинарите, како што пренесува Бугарското национално радио

Најави дека португалското претседателство преку разговори со двете страни ќе настојува да се надминат недоразбирањата меѓу Софија и Скопје.

-Сега имаме нова ситуација – прашањата поставени од Бугарија. Мојата цел е да разговарам интензивно со владите и на Северна Македонија и на Бугарија. Бидејќи е многу важно внимателно да ги слушнете аргументите на другата страна. Кога тоа ќе се направи, лесно може да се разбере дека постои заедничка основа врз која може да се работи, заклучи шефот на португалската дипломатија

Слични содржини