Силвер: Ќе ја одложиме сезоната само ако значително се зголеми бројот на заразени

од Vladimir Zorba

Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер е убеден дека сезоната ќе биде решена на теренот, и покрај зголемувањето на бројот на заразени играчи, пренесува ЕСПН.

Сезоната во НБА лигата се планира да продолжи кон крајот на јули во Орландо.

„Тестираме на дневна основа. Немаме точни бројки, но ако бројот на заразени играчи значително се зголеми, секако дека ќе го одложиме продолжението на натпреварувањето“, рече Силвер.

Денвер вчера го затвори тренинг центарот, откако двајца играчи се тестираа позитивно за коронавирус.

Тројца играчи на Њу Орлеанс денеска беше пријавено дека има 3 заразени кошаркари.

Слични содржини