Симоновска е новата претседателка на Советот на Општина Центар

од Берта Китинска
Избрана е  новата претседателка на Советот на Општина Центар од редот на советниците, Цветанка Симоновска, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
-Симоновска диппломиран инжинер архитект, еден од најистакнатите советници од советничката група на СДСМ во Советот и универзитетски професор во пензија.На досегашната претседателка на Советот, Јана Белчева Андреевска ѝ посакувам среќа во понатамошното делување, а на новата претседателка, Симоновска ѝ посакувам успех во претседавањето со Советот на Општина Центар, многу успешни проекти и ефикасност при работата, за Центар заедно да го направиме поубаво и подобро место за живеење за сите нас!, напиша на својот Фејсбук профил Богдановиќ.

Слични содржини