Симовски: Дополнително попишување на непопишаните 132.000 лица законски е невозможно

од Берта Китинска

Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски во емисијата Стадион на Канал 77 изјави дека да се попишат непопишаните 132.000 лица со еден дополнителен мини попис, едноставно е невозможно.

„Прво законски тоа не можеме да го направиме, треба да се донесе некој нов закон, каде што ќе се прецизира таа активност, ако е воопшто тоа можно од законски аспект. Овој закон тоа не ни дозволува да го направиме. Второ, Пописот се спроведуваше во критичен момент, состојба на 5-ти септември, што значи до ноември, декември, до кога хипотетички би се спровел, состојбите ќе се променат, некој ќе почине, ќе се исели или ќе го промени местото на живеење,“ образложи Симовски.

За бројката од над 242 579 илјади христијани кои не се определени во графа православни католици или протестанти, Симовски вели дека не се виновни попишувачите , туку граѓаните требало да си кажат. Објасни дека попишувачите не смееле да им сугерираат.

Слични содржини