Симовски: Манипулации со податоците во пописот се невозможни

од Vladimir Zorba

Во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, претседателот на на Заводот за статистика Апостол Симовски она што актуелните бази на податоци го немаат е отсутноста од државата и за жал тоа е голем проблем.

– Не е проблем да кажеме колку има евидентирано лица вклучени во различните бази коишто ги користиме за овој попис и тие се транспарентни…За жал, како земја којашто има големи проблеми со миграцијата е што ја немаме евиденцијата на емиграцијата, односно во тие бази многу мал процент се опфатени лицата коишто се надвор од државата“, вели Симовски.

Посочи и дека „манипулации со податоците во пописот се невозможни“ бидејќи при електронското попишување остава траг од секоја преземена операција.

Како што рече тој, целиот систем е под контрола и на повеќе административни бази на податоци.

– Дури и оној којшто при давањето на податоци се обидел да манипулира, со ваков метод на попис, користејќи бази на податоци, тие манипулации се откриваат и се корегираат врз основа на она што е документирано во тие бази на податоци. Тоа се административни бази коишто се документирани, рече Симовски.

Слични содржини