Симовски: Не може со такво лицемерие ВМРО ДПМНЕ да глуми загриженост, а гледаме фотографии од забави во кафеани

од Берта Китинска

Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симевски во емисија „Само Вистина“ повтори дека попишувачите ќе ги почитуваат сите протоколи кога ќе ги посетуваат домаќинствата.

-Не може такво лицемерие да имаме во јавноста, да изразуваме загриженост за пописот како опозицијата, а да гледаме забави во кафеани и полни ресторани. Гледавме снимки како Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ се сликале по 50 жени на една фотографија без да почитуваат мерки за заштита. Не може да зборувате за пописот, а ве фаќаат во кафеана на ноќна забава, надвор од работно време на угостителскиот објект. Ако водиме сметка ќе нема опасност, ако не водиме сметка ќе има опасност од пописот. Ако после пописот граѓанинот отиде во кафеана и таму се зарази како ние би биле одговорни. И попишувачите се луѓе, и тие сакаат да останат здрави и сакаат да се заштитат,  изјави Симовски.

Тој ги повика сите политичари да ги повикаат граѓаните од дијаспората да се приклучат кон пописот.

-Ги повикувам сите политичари да ги повикаат граѓаните надвор од државата да се попишат , тоа што некој не сака и повикува да не се попишуваат тоа е друг проблем, и сега ќе го искоментирам значи ние од тука имаме повик кон дијаспората да не се попишува за тоа што оваа држава не треба да постои, значи не треба да постоиме и да се заглавуваме во оваа кал и да немаме податоци, истиот тој политички субјект кога требаше да направи попис не се случи, а сега истиот вика да не се попишуваат  граѓаните, вели Симевски.

Слични содржини