Симовски: Одиме на попис, подготвени сме

од desk4
306 прегледи

На само три дена до пописот, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, за „Локално“ вели дека бројката од 5.000 попишувачи и 500 инструктори е оптимална, со која се очекува да се спроведе успешен попис во државата.

– Во недела во 8:00, полни со енергија и ентузијазам одиме на попис. Сигурен сум дека и граѓаните сакаат да се попишат бидејќи знаат колку е важна оваа статистичка операција за иднината на државата, вели Симовски.

За тоа колкав ќе биде бројот на административни работници  со договор на дело што ќе се вклучат во попишувањето ќе се знае во сабота, кога на прес конференција директорот на Заводот за статистика,  Симовски ќе ги обелодени сите инфомрации  за пописот.

-Ќе ги обезбедиме попишувачи бидејќи не станува збор за голем број, од кој што ќе зависи дали ќе почне  пописот, вели Симовски.

Според првиот човек на статистика,  состојбата со пандемијата е загрижувачка, но додава дека со строго почитување на протоколите и мерките за  заштита од коронавирусот во Македонија ќе се одржи успешен попис кој ќе почне на 5 а се планира да заврши на 30 септември.  До истиот датум ќе трае и он – лајн попишувањето на дијаспората кој започна на први март.  Според последните информации од ДЗС до денеска се попишале 190.890 нашинци.

И премиерот Зоран Заев  рече дека не очекува проблеми со спроведувањето на пописот. На новинарско прашање како ќе се решаваат ситуации со оние граѓани кои нема да примат невакцинирани попишувачи, тој рече дека има решение и за таквите ситуации.

– Кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите за да може флексибилно да излеземе пред се во барањата и очекувањата на граѓаните. И попишувачите се вакцинирани во значителен процент. Мислам дека имајќи во предвид дека пописот се спроведува 20 дена, овој пат е 25 дена имаме дополнителни можности за флексибилно постапување се со конечна цел стопроцентно да ги собереме сите податоци од нашите граѓани, рече Заев.

Министерот за правда Бојан Маричиќ рече дека нема никакви правни пречки за негово одржување, протоколите ќе се почитуваат, а бројот на попишвачи ќе се надоканди со администрација. .

-Се работи на дополнување на бројот на резервни попишувачи во одредени подрачја. Владата на располагање ги стави оние лица, кои се ангажирани со договор на дело по институциите, да помогнат таму, каде што има потреба и мислам дека со тоа ќе се заокружи бројот на попишувачи, рече Маричиќ.

Од владата информираа дека обуките на попишувачите и инструкорите на сите комисии на 50-те пописни реони се завршени.
-До недела, секој попишувач, заедно со својот реонски инструктор ќе направи и план на движење низ пописниот круг а сè со цел ниту еден објект, ниту едно домаќинство да не остане неопфатено, рече владиниот портпарол Душко Арсовски.

Пописот првично требаше да се одржи од 1 до 21 април годинава, но се одложи поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Б.Т.

Слични содржини