Симовски се извини, се шегувал дека ќе стане државен непријател

од Берта Китинска

Им се извинувам на граѓаните за таа шега. Кај нас секогаш се наоѓа некој експерт и си дозволува да коментира иако не знае како точно стојат работите. Затоа така реков, оти ќе бидам државен непријател број еден, кажа директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски одговарајќи на прашањето во врска со изјавата дека ќе биде државен непријател број еден.

-Имаме обврска да прикажеме реална слика на состојбата. Тоа го направивме, а дали некому му се допаѓа или не, тоа не ме интересира. Ако некој очекувал поинакви резултати, очекувано е тој да ме напаѓа мене, кажа тој.

Слични содржини