СИМПТОМИ И ЕДНА ГОДИНА ПО ЗАРАЗУВАЊЕТО: Ковид причина за хронични проблеми

од Stefanija Kuzmanovska

Германски истражувачи спроведоа студија објавена во списанието Clinical Infectious Diseases, а резултатите од нивното истражување покажаа дека 77,1 отсто од пациентите со ковид имаат симптоми на болеста дури и една година откако се заразиле.

Најчестите симптоми кои траеја една година беа намалената способност за вежбање – 56,3 отсто, замор – 53,1 отсто и проблеми со концентрацијата – 39,6 отсто, покажа студијата. Истражувачите откриле дека само еден симптом – губење на косата, се намалил помеѓу пет и 12 месеци, со фреквенција од 26,1 отсто на 10,4 отсто.

Од друга страна, симптомите како што се отежнато дишење и проблеми со дишењето, како и замор, значително се зголемија. Инциденцата на отежнато дишење се зголеми од 27,1 отсто на 37,5 отсто, а заморот се зголеми од 41,7 отсто на 53,1 отсто.

Оваа студија уште еднаш потврди дека луѓето кои се борат со ковид, можат да ги почувствуваат симптомите дури и месеци откако ќе се заразат. Претходните студии покажаа дека оваа состојба ги погодува жените повеќе отколку мажите.

Слични содржини