Симптоми кои покажуваат на хормонални нарушувања

од desk4

Кога хормоните во нашето тело се во идеален баланс, тогаш и ние се чувствуваме и функционираме без проблеми. Секое најмало нарушување, со себе носи и низа на здравствени проблеми, кои најчесто мора да бидат следени од лекар.

Хормноската нерамнотежа влијае на здравјето на телото, на способноста за секојдневно функционирање и на физичкиот изглед и ако не се лечи навреме, тогаш може да предизвика различни типови на заболувања.

Доколку имате необјасниви симптоми, како промени во телесната тежина, појава на акни и црвенила на кожата, необјаснива анксиозност, нетипичен мирис на телото, како и што и да е друго што ви изгледа невообичаено, побарајте помош од специјалист ендокринолог. Хормоните се испитуваат преку крвна анализа.

Доколку постои пореметување, тогаш специјалистот дава терапија соодветна на добиените резултати.

Како можеме самите да си помогнеме во вакви случаи?

Покрај терапијата, која мора да се зема како што ја препишал специјалистот, треба да се избегнуваат слатките и индустриските преработки на овошје, зеленчук и месо, а да вклучиме квалитетна свежа храна, да го намалиме кофеинот, да избегнуваме храна со адитиви и најважно од сè, да се погрижиме да имаме што помалку стрес, а што повеќе добар сон.

Што се однесува до терапијата, никогаш не ја променувајте дозата на своја рака, туку консултирајте се за тоа со лекар.

Слични содржини