Симптомите на ковид-19 СЕ ПРОМЕНИЈА

од Stefanija Kuzmanovska

Симптомите на ковид-19 се променети, се резултатите од студијата што во моментов се спроведува во Велика Британија, пренесува Дојче веле (ДВ).

Во Zoe COVID Symptom Study, заразените лица ги пријавувале своите симптоми преку апликација и очигледно е дека симптомите може да бидат (не нужно) последица на делта сојот.

Вакцинирани и невакцинирани лица пријавиле слични симптоми на ковид, според веб-страницата на студијата.

„Сепак, оние кои биле вакцинирани, пријавиле помалку симптоми кои траеле пократко, што сугерира дека имаат полесна форма на болеста и побрзо закрепнуваат“, се вели во текстот.

Вакцинираните исто така можат да бидат заразени со корона, но податоците потврдуваат дека тие обично имаат благи симптоми, додека вакцината значително спречува сериозни или опасни по живот случаи.

Кај ревакцинираните лица, доколку се заразат, обично се забележуваат симптоми како што се главоболка, течење на носот, воспаление на грло, кивање, губење на мирис.

Кај невакцинирани лица се присутни главоболка, воспалено грло, назални секрети, треска, постојана кашлица.

Губењето на мирис се лизна на деветтото место на списокот, а отежнато дишење е далеку под бројот 30.

ДВ додава дека овие флуктуации може да покажат дека порано познатите симптоми се менуваат како што се менува вирусот.

Слични содржини