Симуновски: Биткоин е направен да го имитира златото, како што одминува времето има се поголема побарувачка

од Берта Китинска

Најниската цена на БТК што ја видовме оваа година беше 27.734 долари за биткоин.Веќе се мајнирани 18,9 милиони БТК, 90% од вкупно залиха. Остануваат да се мајнираат помалку од 2 милиони биткоини, се проценува дека ова ќе потрае до далечната 2140 година.Биткоин е направен да го имитира златото, како што одминува времето има се поголема побарувачка, но ресурсите се ограничени поради фактот дека не може да се создадат повеќе од 21 милион биткоини сето тоа ја притиска цената константно да оди горе, вели во разговор за „Локално“, Дарко Симуновски крипто експерт и портфолио стратег.

Тој вели дека секој треба да биде внимателен ако сака да  инвестира.

-Ако некој ве контактираат ветуваат дека ако вложите некоја сума на пари ќе имате гарантиран приход и слични методи. Тоа не оди така во крипто светот.Крипто пазарот конечно почнува да се смета како легитимна класа на средства од страна на институционалните инвеститори, објаснува крипто експертот.

Биткоинот во 2021 година доживеа неколку „корекции“ на цената откако максималната сума достигна 69.000 долари, но во моментов се тргува pod 50.000 долари (ќе се корегира за нова година сумата). Што го очекува биткоинот во 2022 година?

Оваа година Биткоин имаше 3 битни моменти: 2021 беше голема година на крипто во која видовме многу позитивни случувања. Одлуките на Tesla и MicroStrategy да купат Биткоин, не само што ја зголемија цената, туку им сигнализираа и на другите корпорации дека криптовалутите се стратешко резервно средство.Вториот момент беше Ел Салвадор кога стана првата нација во светот што го направи Биткоин законско платежно средство уште во јуни. Тоа беше моментален успех.И третиот битен момент во октомври оваа година кога SEC од САД ( Комисијата за хартии од вредност) даде зелено светло за производи поврзани со ETF Bitcoin. (ЕТФ на Биткоин им овозможува на инвеститорите да купуваат во ЕТФ без да поминат низ процесот на тргување со самиот биткоин).Најниската цена на БТК што ја видовме оваа година беше 27.734 долари за биткоин.Веќе се мајнирани 18,9 милиони БТК, 90% од вкупно залиха. Остануваат да се мајнираат помалку од 2 милиони биткоини, се проценува дека ова ќе потрае до далечната 2140 година. Ова е однапред програмиран настан, сега оваа награда е 6,25 BTC, додека во 2024 година ќе се намали на 3,125 бтк по блок награда за мајнерите.Биткоин е направен да го имитира златото, како што одминува времето има се поголема побарувачка, но ресурсите се ограничени поради фактот дека не може да се создадат повеќе од 21 милион биткоини сето тоа ја притиска цената константно да оди горе.

Дали цената на најпознатата криптовалута може да надмине 100.000 долари во 2022, како што најавуваат некои големи играчи на пазарот и што го детерминира ова сценарио?

Последниве години Биткоин докажа дека ги има најдобрите квалитети како хеџ фонд против инфлацијата во споредба со било која друга класа на средства.Крипто пазарот конечно почнува да се смета како легитимна класа на средства од страна на институционалните инвеститори и многу други разни фондови, така ќе се шири адоптацијата и така цената ќе продолжи да расте.Јануари треба да го видиме првиот отскок на Биткоин за 2022.Верувам дека до крајот на 2022, ќе видиме 6 цифрена бројка што би се движела од 100,000 до 130,000 долари за еден Биткоин.

Доколку обичен граѓанин од Македонија во 2022 година сака да купува и да тргува со криптовалути, која апликација му ја препорачувате?

Сакам да им порачам на сите инвеститори да не дозволите да бидете измамени. Ако некој ве контактираат ветуваат дека ако вложите некоја сума на пари ќе имате гарантиран приход и слични методи. Тоа не оди така во крипто светот.Поентата на крипто светот е секој да биде своја банка, кога и колку сакате да вложите или да повлечете средства од вашето конто, без некој да ви дава било каква дозвола или пак некаков посредувач.Почетокот во инвестиции треба на прав начин да се почне, да се има др уред (смартфон, таблет) што ќе го користите САМО за дигиталните средства и нов е-мејл само за логирање во менувачница. Да користат исклучиво САМО официјално признати менувачници како Binance.com или Kucoin.com и пасвордот од контото да биде запишан на хартија, никако во електронска форма.А, за поискусните може да користат (hot wallet) новчаник како Trust Wallet или Metamask за да тргуваат во Децентрализирани менувачници како Pancakeswap, Uniswap, Aave и др познати менувачници.

Од што ќе зависи покачувањето на цената на одредени криптовалути во годината што доаѓа?

Со оглед на сложената природа на крипто и нивната основна технологија, за нас е уште поважно да се вклучиме во истражување.Криптовалутите не се корпорации, туку дигитални средства кои претставуваат вредност во мрежата. Секоја криптовалута е манифестација на различните апликации на Blockchain технологијата.Понудата на криптовалути е ограничена или строго контролирана.Најефективен начин да се одреди цената на криптовалутата е ПОБАРУВАЧКА. (Големата побарувачка на монета ќе ја зголеми нејзината вредност) Друг клучен фактор е КОРИСНОСТА.Монетата мора да има силна функција или случај на употреба за да мотивира повеќе луѓе да ја држат монетата. Дополнително соработките и партнерствата.ИНОВАЦИЈАТА е исто така клучна улога во одредувањето на цената.Следниот фактор е медиумското покривање.СОЦИЈАЛНИТЕ медиуми и поддршка од самата ЗАЕДНИЦА се исто така многу важни за цената на која било криптовалута.Со оглед на ширењето и прифаќањето на криптовалутите, очигледно е дека маркетот ќе се расте во вредност од преку 6 трилиони долари капитализација во 2022.Ќе продолжида расте бројот на корисници на мрежата што воедно ќе бидат дел од мрежата со чување на токени.

Биткоинот, па и етереумот се недостижни во однос на сума за повеќето наши граѓани, но има многу други кои се со „симболична“ сума. Кои се, според вас, трите алткоини кои ги очекува „светла иднина“? Во кои „парички“ им препорачувате на Македонците да инвестираат?

Па не би рекол дека се недостижни, немора да имате цел биткоин, можете да си купите за 300€, до година секако ќе вреди повеќе од било која традиционална инвестиција како акции, обврзници или комодитети, тоа наназад со години е докажано. Ако сте поискусен можете да си вложите во друго дигитално средство по ваша проценка.Мој предлог освен секако Биткоин и Етериум би ги спомнал Polkadot DOT, Kusama KS и Algorand ALGO.
Кој што сака да се информира подетално за крипто светот може да го користи www.tokenpaddock.com да следи крипто берза во живо, најнови вести, анализи, крипто едукација и секако vip letter за инвеститори да формираат портфолио и успешно да го надградуваат со профит. Сето тоа во склоп на еден едукативен процес врз основа на анализи.

Можно ли е во 2022 година да очекуваме „поместување“ во однос на македонското законодавство и некакво прифаќање, односно легализирање, на крипто-средствата во платниот промет?

Како што знаете за жал заостануваме со носење регулативи веќе сите донесоа некакви регилативи.Мој предлог е крипто пазарот да се стави во класа на комодитети за брзо и лесно имплементирање во законска рамка.Проекцијата на стапка на инфлација според народна банка за 2021 3.12%, но ако излеземе на терен праксата покажува нешто друго односно, рапидно секој месец имаме поскапување на секаков вид на добра и услуги. Што значи дека паѓа стандардот и најлошите економски денови се пред нас, незнам друг начин како да се заштитиме како индивидуалци и држава, освен што поскоро прифаќање и употреба на крипто. Тоа ќе биде благодет за сите.

В.З.

Слични содржини