Актуелно
Почетна / Сцена / Синди Крафорд како млада ја советувале да ја отстрани бемката од лицето

Синди Крафорд како млада ја советувале да ја отстрани бемката од лицето


Една од оригиналните супермодели од 90-тите е позната и по бемката на усната и додека денес е препознатлив дел од нејзината убавина, тоа не беше така на почетокот на нејзината кариера.

Синди своето прво снимање во осумдесеттите години на минатиот век го обработила како млада девојка, на која и било речено да ја отстрани бемката од лицето, а британскиот Вог дури и ја отстрани од насловната страница, објави Дејли Меил.

Синди потсети на овој факт во интервју за Наоми Кембел, друг модел кој владееше со сцената во 90-тите години. На сестрата на Синди исто не и се допаѓала нејзината бемка, откако го нарекла – грд знак.

– Прво направив насловна страница за британски Вог, ми се чини дека беше снимена од Дејвид Бејли, пред да ја направам насловната страница за американското издание. Тие дури ја отстранија на насловната страница на Велика Британија. Ми беше кажано претходно дека ако сакам да се занимавам соовој бизнс, треба да ја отстранам таа бемка, а сестра ми ја нарече грда – се присети Синди.

„Исто размислуваа во мојата прва агенција во Чикаго. Јас дури и не се сеќавам на нејзиното име. Мајка ми коментираше дека можеме да ја отстраниме бемката, но не знаевме како ќе изгледа лузната, рече манекенката.

На крајот, токму поради овој детал таа стана препознатлива, освен секако нејзината исклучителна класична убавина и раскошна коса.

loading...