Синдикатите на ЕУ бараат закон за дозволени работни температури

од Stefanija Kuzmanovska

Европската конфедерација на синдикати (ETUC) ја повика Европската комисија да ги заштити работниците ширум ЕУ со директива за максимални работни температури.

Оваа иницијатива дојде откако двајца работници колабираа и починаа од топлотен удар за време на екстремен топлотен бран во Шпанија минатата недела.

Истражувањето на паневропската агенција Eurofound покажува дека ширум ЕУ, 23 отсто од сите работници се изложени на високи температури најмалку една четвртина од времето, што се искачува на 36 отсто во земјоделството и индустријата и 38 отсто во градежништвото.

Слични содржини