Синдикатите во Франција штрајкуваат: Училиштата затворени, возовите во застој

од Stefanija Kuzmanovska

Француските синдикати денеска започнаа голем штрајк против плановите на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање.

Во новиот предлог-закон што ќе помине низ парламентот, ќе пишува дека вработените се пензионираат на 64, наместо на 62, колку што е сегашната граница, објави Би-Би-Си“.

Градскиот и меѓуградскиот железнички сообраќај е речиси во застој, а многу училишта и други јавни служби се затворени.

Слични содржини