Синдикатот на правосудството при САДУ реагира на одлуката за нерамномерно зголемување на додатоците на плата

од Vladimir Zorba

Синдикалната организација на правосудството при Синдикатот на администрација и државна управа (САДУ), кој е дел од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), денеска изрази назадоволство од одлуката на Судскиот буџетски совет за зголемување на додатоците на плата за 10 проценти за судиите и само пет проценти за судските службеници.

Претседателот на синдикалната организација Драган Јосевски попладнево пред Основниот суд Скопје 1 изјави дека ваквата одлука е штетна и потценувачка за вработените во судската служба.

– Како Синдикат не се согласуваме ниту со предлогот на Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судски службеници за процентуално зголемување. Како Синдикат размислуваме и ќе понудиме номинално единство, односно да се избалансира распределбата на додатоците на плата. Треба два до три пати да се зголемат додатоците на плата на судските службеници во однос на судиите, рече Јосевски.

Во однос на најавите за бел штрајк на Синдикатот на УПОЗ, Јосевски вели дека тие како синдикална организација се за црн штрајк.

– Ја поздравуваме заложбата на УПОЗ и Здружението на судската служба кои ја детектирале оваа понижувачка положба на судските службеници, меѓутоа начинот ни се разликува, изјави Јосевски, обвинувајќи дека претставници на УПОЗ во февруари го уништиле еднодневниот штрајк што го организирале.

Барањата ќе го достават до надлежните институции, а доколку не имаат позитивен одговор, тогаш вели тој, штрајкот е регитимно право за борба на правата на работниците.

Слични содржини