Синдром на хроничен умор: Овие 6 симптоми укажуваат на сериозни здравствени проблеми

од desk2

Синдромот на хроничен умор кој трае со месеци, а не е предизвикан од преголем напор, е последица на современиот начин на живот и може да предизвика сериозни здравствени проблеми

Хроничниот умор е една од најчестите причини поради кои луѓето одат на лекар, а научните истражувања откриваат дека околу петина од луѓето имаат симптоми на хроничен умор.

„Исцрпеноста може да биде резултат на брзото животно темпо, премногу работни обврски, недостиг на сон, но доколку тие не исчезнат ниту по отстранувањето на причинителот, треба да посетите докторот кој ќе ги открие здравствените причини за уморот“, предупредуваат лекарите.

Постојат и други симптоми кои во комбинација со честиот умор може да укажуваат на сериозни здравствени проблеми.

Уморни сте, слаби и останувате без здив
Другите симптоми вклучуваат отечени зглобови, стапала, нозе, стомак и крвни садови во вратот, како и болка во градите по обилен оброк или вежбање.

Ваквата комбинација од симптоми може да укажува на кардиомиопатија, болест на срцевиот мускул. Таа може да биде наследна или стекната, а се лекува со бета блокатори и други лекови кои го олеснуваат протокот на крвта низ срцето.

Се чувствувате зашеметено и имате вртоглавици
Останатите симптоми вклучуваат сува уста и чести дигестивни проблеми, како што се дијарејата или запекот. Можната причина за ваквата состојба може да бидат одредени лекови кои се користат за лекување бројни алергии. Постарите типови алергиски лекови, антихистамините, може да имаат седативен ефект, кој исчезнува откако ќе се престане со земање на лекот.

Умор, слабост и болни мускули
Останатите симптоми вклучуваа губење тежина, губење коскена маса, намалено либидо и потешкотии во концентрацијата.

Можната причина за ваквата состојба кај мажите може да биде ниската доза на хормонот тестостерон, односно неговото намалено производство. Причината за оваа честа состојба не е откриена, иако се претпоставува дека е генетска, а се лекува со хормонални лекови.

Умор кој води до чувство на несвестица

Чувството на умор во комбинација со симптомите како што е екстремниот умор, кој ги оневозможува понапорните физички активноста, предизвикува ноќно потење, чувствителност на градниот кош, чести промени на расположението и намалена сексуална желба.

Причините може да бидат хормонски промени поврзани со средната животна доба, особено кај жените. Се јавуваат поради намалено производство на хормони во јајчниците, а се лекуваат со дополнителна хормонска терапија. Покрај лековите, помага и намаленото внесување алкохол, никотин и кофеин, како и редовното вежбање.

Раздразливост и голема поспаност

Исцрпеноста и неспосбноста за концентрација на дневните задачи, честото заспивање за време на гледањето телевизија или слични активности во комбинација со ‘рчење и болно грло по будењето, може да укажуваат на апнеа.

Оваа состојба го оневозможува нормалното дишење во текот на ноќта, поради што може да дојде до прекин на дишењето. Така, човек се чувствува уморно иако спиел доволно часа, а причината е недоволно кислород во организмот.

Ако не се лекува, може да предизвика висок крвен притисок и депресија. Се лекува со промена на положбата на спиење и со техники на опуштање, а кај посериозните случаи, со маска која се носи за спиење.

Слични содржини