Синдром на порозни црева

од Vladimir Zorba

Состојбата на цревата е клучот за добро здравје. Дали сте слушнале за синдромот на порозно црево?c815f1c3b39c13afe14abf342ba5dedc
Слузницата на цревата е онаа која ja контролира нивната примарна функција и таа не е пасивна бариера.

Активно учествува во контролата на голем број телесни функции, емитира различни соединенија одредува какви хранливи материи да бидат апсорбирани, a истовремено штити од токсини, алергени, штетни бактерии.

Кога се набљудува абнормално зголемување на пропустливоста на тенкото црево, тогаш зборуваме за синдром на порозните црева.

Кои се едни од најчестите знаци дека страдате од синдромот на порознo црево?

Чувствителност кон одредена храна
Голем дел од луѓето кои страдаат од чувствителност на одредени видови храна, потоа сфаќаат дека кај нив се развил синдромот на порозните црева.
Кога токсините навлегуваат во крвотокот, имунолошкиот систем ja зголемува синтезата на различни антитела, што го прави организмот повеќе подложен на антигени во одредена храна (особено оние кои содржат глутен, како и некои vidovi млечни храна).

Проблеми со тироидната жлезда
Едно од автоимуниte заболувања, на кои синдромот на порознo црево може да влијае е болестa на Хашим.
Исто така познатa како “хроничен тиреоидит, ” оваа болест може да доведе до хипотироидизам, нарушена размена на материите, замор, депресија, зголемување на телесната тежина, како и бројни други здравствени проблеми.edcc0b5ef4e68a8e404ed60e0534fd9b

Mала aпсорпција
Различните хранливи дефицити, кои можат да се набљудуваат, кога овој синдром е присутeн, се дефицит на витамин Б12, магнезиум и клучни ензими кои помагаат за варењето на храната.
Препорачливо е луѓето што страдаат од порозни црева да прифатат специјални додатоци кои би служеле на дигестивниот процес, но и да си ги обезбедат потребните витамини и минерали.

Kожни проблеми
Здравјето на цревата е директно поврзано со состојбата на кожата. Ако страдате од егзема, акни, псоријаза, добро е да се консултирате со специјалист, за да утврди дали или не постои синдром на порозните црева.

Проблеми со расположението
Ненадејна промена во расположението, депресија … Звучи чудно, но цревните проблеми можат да бидат одговорни и за нашите расположенија и ставови. Според истражувањето, кај луѓето кои страдаат од синдромот на порозните црева, се активира ослободувањето на противоспалителни цитокини и други хемикалии кои предизвикуваат депресија.

Слични содржини