Синодот на МПЦ-ОА: Историските прашања да бидат надвор од преговарачката рамка

од Nikola Popovski

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ–ОА) денеска упати апел за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси.

Синодот на МПЦ-ОА соопшти дека вчера на седница се освнрал на случувањата поврзани со нашиот евроинтеграциски процес. Синодот очекува на транспарентен начин, Владата во содејство со сите надлежни општествено-политички фактори во македонското општество, да изгради став кој целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и култура во рамките на европските вредности. Во овој процес, историските прашања и Договорот за добрососедство со Бугарија не треба да бидат дел од преговарачката рамка.

– Изразуваме надеж дека бугарските власти ќе ја согледаат реалноста и ќе се отповикаат на препораките на меѓународните институции и ќе овозможат на македонското малцинство во Бугарија да ги оствари своите основни човекови права, впрочем, на реципроцитетна основа – имајќи го предвид барањето на бугарската кон македонската страна, се наведува во соопштението од МПЦ-ОА.

Слични содржини