Синофарм испитува дали третата доза на вакцината ќе создаде уште поголем број антитела

од Nikola Popovski

Кинеската национална фармацевтска група (Синофарм) ќе ги испита резултатите од третата фаза на клиничко испитување во странство, со цел да се одлучи дали двојната доза на нивната вакцина за коронавирус треба да биде придружена со уште ревакцинација, изјави официјален претставник на компанијата во неделата.

Според Ројтерс, регулаторите и производителите на вакцини ја испитуваат оваа можност поради загриженост дека новите соеви на коронавирус можат да ја ослабнат заштитата создадена од вакцината, направена од оригиналните соеви.

Според резултатите од клиничките испитувања, антителата произведени од кинеската вакцина траат околу шест месеци, изјави Жанг Јунтао, потпретседател на ЦНБГ, филијала на Синофарм.

„Прелиминарните резултати досега покажаа дека дополнителната ревакцинација може да го зголеми бројот на антитела и истовремено да ја подобри способноста на вакцината да се одбрани од мутациите на вирусот. Дали е неопходна дополнителна ревакцинација и кога треба да се прими, ако е тоа, ќе покажат резултатите од идната трета фаза на клинички испитувања“, рече Жанг на прес-конференција.

Антителата произведени со двојната доза на вакцината Синофарм имаат „многу добар“ неутрализирачки ефект врз британските и јужноафриканските соеви на вирусот, додаде тој, повикувајќи се на резултатите од лабораториските тестови кои користеле примероци на крв од учесници во клиничката студија

Во моментов се тестира отпорноста на бразилскиот и на сојот од Зимбабве.

Слични содржини