Синоќа регистриран нов земјотрес во Скопје

од Nikola Popovski

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија ноќеска, на 5.12.2020 година, на 4 минути по полноќ, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје. Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML 1.9.

Телеметриската сеизмолошка мрежа има станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од граѓаните во Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Слични содржини