Синот на Бритни: Би сакал повторно да ја видам, се надевам дека ќе разговараме нормално

од Vladimir Zorba

Откако поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, претходно овој месец изјави дека нивните синови Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15) не сакаат да ја видат пејачката, Џејден изјави за британските медиуми дека и тој и Престон „го сакаат само најдоброто “ за неговата мајка.

Во серијата интервјуа кои се уште не се емитувани, Џејден, пишува „The Sun“, и рекол на својата мајка: „Те сакам и ти го сакам само најдоброто. Можеби еден ден ќе седнеме заедно и нормално ќе разговараме“.

Тој додаде дека „околината што таа ја создала не била удобна“ за него и неговиот брат. „Кога имаш 10 или 11 години, тогаш почнуваш да разбираш некои работи. Нема тука омраза … Навистина би сакал да ја видам повторно. Тоа би ме направило среќен, а и Престон“.

Момчињата моментално живеат во Лос Анџелес со нивниот татко и неговата сопруга Викторија Принс, поранешна одбојкарка. Тие не се појавија на свадбата на Бритни Спирс и Сем Асгари иако беа поканети.

„Тоа не беше вистинскиот момент“

„Едноставно не беше вистинското време за тоа. Не велам дека не сум среќен за неа. Среќен сум поради нив, но таа не го покани целото семејство. Да бевме само јас и Престон, сигурно ќе завршеше како семејна борба“, рече Џејден.

Да потсетиме, Федерлајн на почетокот на месецов изјави дека „момчињата не сакале да одат на нејзината свадба“, а исто така истакнал дека се чувствуваат непријатно затоа што Бритни објавува голи фотографии на Инстаграм.

Бритни ја коментираше неговата изјава на социјалната мрежа.

„Тажно е да го слушам мојот поранешен сопруг како зборува за односот помеѓу мене и моите деца. Како што сите знаеме, никому не му е лесно да се одгледуваат тинејџери. Ме загрижува фактот што причината се базира на мојот профил на Инстаграм. Имаше многу работи пред Инстаграм. Јас се им дадов… Само, мајка ми рече дека треба да ги дадам на нивниот татко…“, напиша пејачката.

Слични содржини