Синот на Флојд одржа говор на местото на каде што беше задушен неговиот татко: „Барам правда за тоа што се случи тука“ (видео)

од Nikola Popovski

Синот на убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд одржал говор на местото каде што почина неговиот татко во Минеаполис, јавува Би-Би-Си.

Квинси Мејсон Флојд, син на убиениот Џорџ Флојд, им се заблагодарил на новинарите и демонстрантите и изјавил дека дошол на местото каде што почина неговиот татко во „…обид да добие правда“.

„Ниту еден маж, ниту една жена не треба да остане без своите татковци. Затоа бараме правда за она што се случи тука“, изјавил Квинси Флојд.

На прашањето да ги коментира глобалните протести како знак на поддршка за борбата против полициската бруталност и расизам, Мејсон Флојд изјавил: „Благодарен сум на сите што покажуваат поддршка и љубов. Благодарам што го поддржавте моето семејство“.

Слични содржини