Синот на израелскиот премиер повика на бојкот на Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Ситуацијата на Блискиот исток експлодираше синоќа кога палестинскиот Хамас го гранатираше Тел Авив, предизвикувајќи жесток одговор на Израел. Како што расте бројот на жртви, вклучително и деца, светските власти повикуваат на смирување на тензиите и враќање на преговорите.

Некои земји застанаа на страната на Израел, други на Палестинците, но излезе дека најголемиот проблем за семејството на израелскиот премиер е Турција, која ја поддржува палестинската страна.

Синот на израелскиот премиер, Жаир Нетанјаху, повика на бојкот на Турција затоа што Анкара го критикуваше Израел за ескалацијата на конфликтот на Блискиот исток.

Нетанјаху помладиот ги повика Израелците да не летуваат во земја која „повикува на уништување на Израел и еврејскиот народ“.

„Добивам илјадници пораки од Турците кои повикуваат на уништување на Израел и еврејскиот народ! Зошто сè уште има такви меѓу Израелците кои одат таму на одмор“, објави на Твитер.

Слични содржини