Синот на Шумахер ја блокираше патеката во Монако

од Vlatko K

Синот на легендата Михаел Шумахер – Мик, предизвика мешаница на првата трка во Формула 1 во
Монако.


Младиот Германец беше на 11-тото место на улиците на Кнежевството, кога тој се обиде прилично
ризично да ја надмине Татјана Калдерон во кривината „Раскас“. Шумахер помладиот удри во
болидот на Колумбијката, кој се сврте и Мик застана на среде патека.

Во овој момент, немаше место за пилотите зад нив и трката мораше да биде прекината додека
трасата не беше расчистена.

Мик Шумахер веднаш доби казна од 5 секунди и помина низ боксот. Тој стартуваше четврти, а
заврши 14-ти

Слични содржини