Синот на Шумахер потпиша за тим од Формула 1

од Stefanija Kuzmanovska

Мик Шумахер, син на легендарниот Михаел, ќе го оствари своето деби во Формула 1 – потпиша договор со тимот Хас!

Интересен ден во Формула 1 од раните утрински часови – прво возачот на Вилијамс Џорџ Расел стана замена за Луис Хамилтон, неговото место во тимот го зазеде Џејк Ајткен, а потоа Хас го извлече „асот од ракавот“.

Лидерот на Формула 2 ќе добие шанса да се покаже во натпреварување во кое неговиот татко ги напишал најкултните страници во историјата на мото-спортот.

Тој ќе биде дел од новата постава за возење во 2021 година, има 21 година, член е на Академијата за возачи на Ферари и води во Формула 2 пред последната рунда од сезоната во Бахреин (4-6 декември).

Тој во моментов има 14 поени предност во однос на вториот на табелата и е на добар пат да направи идеална увертира за Ф1.

„Многу сум горд затоа што можам да го потврдам доаѓањето на Мик. Формула 2 отсекогаш била добра „изложба“ за возачите кои можат да го потврдат својот талент, нема сомнеж дека Мик покажа дека има вистински натпреварувачки дух, тој победува, редовен е на подиумот. Верувам дека тој созреа за Формула 1, врз основа на она што го даваше досега. Имаме можност да го развиваме како тим“, рече Гинтер Штајнер во име на тимот на Ф1 Хас.

Слични содржини