Синот на Вучиќ позитивен на коронавирус: Примен на Клиниката за инфективни болести

од Nikola Popovski

Синот на српскиот претседател, Александар Вучиќ е заразен со коронавирус, се вели во официјалниот профил на Инстаграм на претседателот.

„Кога сето тоа започна, мојот Данило ми рече дека предавањето не е опција. Мојот првороден син е  заразен со коронавирус. Неговата клиничка слика беше таква да, мораше да биде примен на Клиниката за инфективни болести. Сине, ќе победиш. Те сака тато, сите те сакаме“, се наведува во објавата на профилот на Инстаграм на претседателот Вучиќ.

Данило Вучиќ е најстарото дете на претседателот Александар Вучиќ, од бракот со новинарката, Ксенија Вучиќ.

Слични содржини