Синовак информира: Нашата вакцина е безбедна за деца

Кинеската компанија Синовак денес објави дека прелиминарните податоци покажуваат дека нејзината вакцина против вирусот корона е безбедна за деца на возраст од три до 17 години.

Синовак наведува дека доставувал податоци до кинеските регулатори на лекови.

Кина одобри употреба на оваа вакцина кај возрасни, но не и кај деца, бидејќи, како што пренесува АП, нивниот имунолошки систем може поинаку да реагира на вакцината.

Медицинскиот директор на Соновак, Генг Зенг, на прес-конференција рече дека клиничките испитувања во рана и средна фаза, во кои учествувале повеќе од 550 лица, покажале дека вакцината ќе предизвика имунолошки одговор.

Тој додаде дека двајца приматели на вакцината имале висока температура.

Како што прецизираше, станува збор за едно дете од три години и едно од шест години.

Другите испитаници имале лесни симптоми.

Слични содржини