Синовите на Бритни веќе се тинејџери, а еве како изгледаат

од Elena Daskalova

За време на тригодишниот брак со Кевин Федерлајн, од 2004 до 2007 година, Бритни Спирс ги доби синовите Шон и Џејден.

Тие беа сосема мали деца кога Бритни доживеа нервен слом, под притисокот на славата и стресот од разводот. Во тоа време таа привремено го изгуби старателството над нив.

Потоа, долго време се водеа судски спорови и иако Бритни го имаше поголемото старателство, поради нејзините чести турнеи тие речиси 70% од времето го поминуваат со Федерлајн, кој има уште четири деца.

Денеска и судски Федерлајн го има доминантното старателство, а најавил и дека наскоро ќе побара и поголема алиментација, која досега изнесува 20.000 долари месечно.

Слични содржини