75
Деветнаесет лица загинаа во американски воздушни напади врз позициите на проиранските борци поврзани со Револуционерната гарда на Иран во источна Сирија, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.
Воен набљудувач рече дека во американските воздушни напади загинале тројца сириски војници, 11 сириски борци во провладините фракции и пет несириски борци поврзани со владата, пренесува „Ројтерс“.
Шефот на набљудувачката мисија во Сирија, Рами Абдел Рахман, не можеше да ја прецизира националноста на жртвите од американските воздушни напади.