Сирија го демантира Бајден: Не киднапиравме американски новинар во 2012 година

од Stefanija Kuzmanovska

Сирија денеска негираше дека киднапирала или задржала американски новинар, кој исчезна во таа земја во 2012 година, со што одговори на повикот на американскиот претседател Џозеф Бајден до властите во Дамаск да го ослободат Американецот.

Остин Тис, поранешен маринец, исчезна во август 2012 година, кога имаше 31 година, додека известуваше како слободен новинар во Дамаск за протестите против сирискиот претседател Башар ал Асад, потсетува „Ројтерс“.

Сириското министерство за надворешни работи соопшти дека Остин Тис бил припадник на американските сили и негираше дека властите во Дамаск го држат него или кој било друг американски државјанин како заложник.

Слични содржини