Сирија: Ослободен е цел Дамаск, ИСИС истерани до граница

од desk2

Последната група терористи на ИСИС денеска беше евакуирана од последната енклава под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, со што е целосно вратена контролата врз оваа област.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека со автобуси синоќа после полноќ биле евакуирани борците на ИСИС и нивните семејства од Дамаск и однесени до границата.

Според „Ројтерс“, сириските државни медиуми не спомнуваат никаква спогодба со која на екстремистите им е дозволено да ја напуштат енклавата во близина на кампот за палестински бегалци Јармук.

Со ослободувањето на енклавата кај Јармук, сириската влада ја руши последната бунтовничка енклава во западна Сирија.

Под контрола на терористите и бунтовниците против режимот на претседателот Башар Асад остануваат само териториите на границите со Турција, Ирак и Јордан.

Слични содржини