Сирија пред повторно искушение на САД

од Vladimir Zorba

Светската јавност денеска е окупирана со ситуацијата во Сирија. По две неуспешни седници на Советот за безбедост на Обединетите нации кои беа одржани со цел смирување на тензиите меѓу Западот и Русија, денеска Националниот совет за безбедност на САД ќе одржи итен состанок, а истовремено членовите на британската влада ќе распрваат по прашањето дали Британија ќе се придружи на САД и на Франција во евентуален напад врз Сирија.

Последниот напад со хемиско оружје во Сирија ги доведе до критична граница и онака заострените односи меѓу  двете светски сили, по што сега, според политички и воени аналитичари е само прашање на време кога американскиот претседател Доналд Трамп ќе издаде наредба за воен напад врз Сирија.

„Претседателот не постави временска рамка и се уште остава голем број други опции на масата, а ние се уште размислуваме многу за ова и конечната одлука не е донесена“. Русија има одредена одговорност во фактот дека тие гарантираа дека Сирија повторно нема да употреби хемиско оружје, а тие го направија тоа“. – изјави Сара Сандерс-портпарол на Белата куќа./24Вести

Слични содржини