Сириската армија воспостави контрола врз северозападниот дел на провинцијата Алепо

од Aleksandar Petrovski

Сириската армија денеска соопшти дека презела целосна контрола над десетици градови во северозападниот дел на покраината Алепо и најави продолжување на офанзивата за елиминирање на џихадистичките групи.

Армијата воспостави и контрола над автопатот М5, најбрзата рута помеѓу Дамаск и градот Алепо.

Со поддршка на руското воено воздухопловство, сириската армија од почетокот на годината се обидува да ги заземе руралните делови на покраината Алепо и делови од соседната покраина Идлиб, каде се наоѓаат последните бунтовнички упоришта.

Иако Русија и Турција во јануари договорија за прекин на огнот  во тие области, но сириската армија со помош на своите сојузници – Русија и Иран продолжува да напредува кон Идлиб.

Слични содржини