Сируп од смокви против кашлица

од desk2

Неугодната кашлица е чест проблем овие денови, а постои природен сируп со кој ќе направите таа да исчезне.

Ова е стар, но делотворен рецепт. Пробајте.

Состојки:

чинија смокви
чинија шеќер
една до две чинии вода

Постапка:

1. Сувите смокви заедно со шеќерот ставете ги во лочне и додајте вода, колку да се прекријат смоквите

2. Мешавината варете ја се додека шеќерот потполно не се стопи, а смесата не стане густа како сируп. Извадете ги смоквите, а пирупот преточете го во шоља.

3. Пивнувајте мали голтки од него во текот на целиот ден и вашиот проблем со кашлицата ќе исчезне. И смоквите може да ги искористите против болки во градите, па додека се млаки зиедете ги.

4. За сите кои не смеат да јадат шеќер постои и поедноставен рецепт. Зовријте вода и додајте шест поголеми суви смокви. Варете ги околу четири минути и извадете ги од водата.

Антибиотски помагач

Добиениот напиток е многу корисен и здрав оти е богат со железо, калиум и калциум како и со антибиотски состојки кои настануваат при сушењето, а се ослободуваат со варењето.

Оставете го да се олади, а пијте го во мали голтки цел ден.

Слични содржини