Системите за противвоздушна одбрана NASAMS и Aspide пристигнаа во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Украина ја прими првата испорака на системот за противвоздушна одбрана NASAMS и противвоздушниот ракетен систем Aspide, соопшти денеска украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.

„Ова оружје значително ќе ја зајакне украинската армија и ќе го направи нашето небо побезбедно“, напиша Резников на Твитер.

Пентагон минатата недела објави дека САД ќе испорача осум системи NASAMS на Украина и најави дека два наскоро ќе пристигнат во Украина.

Слични содржини