Систина: Ќе поднесеме кривична пријава за загрозување на јавното здравје

од Vladimir Zorba

Брзите тестови за коронавирус (COVID – 19 IgG-IgM Rapid) се набавени од холандска компанија со која имаме ексклузивен договор за соработка. Оваа компанија е ексклузивен дистрибутер на овој бренд на тестови кои ги произведува друга компанија, исто така од Холандија. Овие тестови за производство и употреба се одобрени од холандската Влада, соопшти Клиничката болница Аџибадем Систина.

Посочуваат дека Клиниката има и директна потврда дека конкретниот бренд на тестови меѓу другите земји, потврда за професионална употреба, има добиено и во Велика Британија и Саудиска Арабија кои важат за земји со исклучително ограничувачки и претпазливи регулативи во здравствениот систем.

-Клиничката болница Аџибадем Систина е дел од втората најголема групациjа на болници во светот (IHH) и е првата болница која во земјата ја доби престижната акредитација за квалитет Joint Commission International (JCI) во 2016 година, а во текот на минатата година доби и потврда, односно реакредитација на златниот печат кој гарантира безбедност и сигурност за пациентите и вработените. Оваа најпрестижна болничка акредитација е потврда на високопрофесионална здравствена услуга за пациентите проследена со потврдено квалитетна опрема, технологија и кадар. Сето ова за нас значи одговорност за нивото на услуги кои ги пружаме на нашите пациенти, велат од Клиниката и даваат појаснување во врска со сите шпекулации и дезинформации во врска со брзите тестови кои покрај ПЦР (PCR) тестовите се користат во таа здравствена установа.

Употребата на брзите тестови, наведуваат, е потврдена и препорачана и од FDA – Американската Асоцијација за примена на храна и лекови која сигнализирше дека федералните регулатори се целосно задоволни со податоците за резултатите на тестот, а се поголем е бројот на земји кои се одлучуваат за нивно користење како најбрзо и едноставно решение за проверка на имунолошкиот статус на населението, а преку тоа проверка дека лицата биле во контакт со вирусната инфекција, а со цел побрзо враќање во редовното функционирање.

Највлијателниот медицински англиски магазин исто така пренесува за екстремно зголемената побарувачка на овие брзи тестови од страна на министерствата за здравство и други владини органи во земјите зафатени со пандемијата на вирусот Ковид-19 https://bit.ly/2V0JF0r.

Аџибадем Систина, како сериозна здравствена институција, со сериозна светска акредитација од самиот почеток ги објасни и јавно ги приложи сите детали во врска со овие тестови на граѓаните и понатаму нема никаква намера дополнително да дебатира, а до конкретни лица ќе поднесе кривична пријава за загрозување на јавното здравје преку невистинитите информации кои ги пласираат во јавноста и ширење паника преку изнесување лажни вести. Кон кривичната пријава ќе се приклучи и холандската компанија од која се набавени овие тестови, стои во соопштението.

Слични содржини