Сите го обожаваат: Најлесниот рецепт за сосот Алфредо за тестенини

од Elena Daskalova

Алфредо сосот е еден од најпопуларните сосови за тестенини, а го создал Алфредо ди Лејо. Освен со тестенини, може да се служи и со зеленчук и месо од скара.

Ова е најлесниот рецепт за овој сос:

Потребни ви се 2 лажици путер, две истолчени чешниња лук, 200 мл павлака за готвење, сол и бибер и три лажици изрендан пармезан.

Растопете го путерот, пропржете го лукот, па додадете ја павлаката за готвење. Зачинете по желба и ставете го пармезанот да се стопи. Сварените тестенини измешајте ги со сосот. По желба, изрендајте уште пармезан.

Слични содржини