Сите ја криткуваа Шведска, а сега ја копираат: На чекор се од колективен имунитет, за вториот бран на коронавирус нема ни збор

од Nikola Popovski

Наместо да наметне забрана за патување или да прогласи вонредна состојба, Шведска ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за социјално растојание по избувнувањето на новата епидемија на коронавирусот.

Шведските власти воведоа одредени ограничувања за да се намали стапката на раст на инфекцијата, како што се забрана на јавни собири на повеќе од 50 лица, затворање кафе-барови, воведување учење од далечина за средношколци и универзитетски студенти, но без строг контроли, парични казни или полициска интервенција.

Многу ресторани сè уште се отворени, иако има малку гости, децата од пониските одделение сè уште одат на училиште, а за разлика од соседна Норвешка и некои азиски земји, Шведска не воведе апликација за следење, избегнувајќи да ја загрози приватноста и личната автономија на граѓаните.

Според проекцијата на Андерс Тегнел, главен епидемиолог во шведскиот Институт за јавно здравје, Стокхолм би можел да добие колективен имунитет уште овој месец, а математичарот од Универзитетот во Стокхолм, Том Бритон, пресметал дека имунитетот од 40 проценти ќе биде доволен за да се спречи ширењето на вирусот и тоа би можело да се случи до средината на јуни.

Иако Шведска е пофалена во некои кругови затоа што успеала да одржи барем малку нормална состојба на економијата и да ја задржи стапката на смртност по глава на жител на пониско ниво од Белгија, Франција, Италија, Холандија, Шпанија и Велика Британија, други ја критикуваат дека не успеале да ја заштити постарата популација и имигрантите.

Луѓето во домовите за стари лица сочинуваат 50 отсто од смртните случаи од Ковид-19 во Шведска, кај кои според зборовите на Тегнел, делумно допринесува фактот што институциите не успеале доволно брзо да ги применат мерките за заштита, како што се носење на маски. Меѓу имигрантите исто така има неразмерно многу починати, главно бидејќи се сиромашни и работат во услужниот сектор, каде работа на далечина е практично невозможна.

Меѓутоа, шведските власти тврдат дека на крајот, стапката на смртност во земјата ќе биде пониска во однос на другите краеви на светот. Кога најголемиот дел од светот ќе биде соочен со втор смртоносен бран на епидемијата, за Шведска тоа се ќе биде минато.

Шведска успеа да го засили имунитетот на младите и здравите, и на лицата кои се изложени на најмала опасност од компликации од Ковид-19, а истовремено да ја намали и стапката на смртност. Одделенијата за интензивна нега не се преполни, а болничкиот персонал не бил принуден да презема додатна грижа за децата, бидејќи градинките и основните училишта работат.

Многу други земји сега го имитираат шведскиот модел: Данска и Финска ги отворија основните училишта, Германија ги отвори помалите продавници, Италија наскоро ќе ги отвори парковите, а Франција планира да дозволи отворање на пазарите и помалите музеи, училиштата и градинките.

За тоа постојат добри причини, бидејќи ќе пројдат неколку години пред да бидат сведени пресметките, односно пред да се утврди вкупниот број на смртни случаи, банкротирани претпријатија, откази, самоубиства, луѓе со психички проблеми, загуби во БДП и инвестиции, и другите трошоци предизвикани не само од вирусот, туку и од мерките за негово спречување, пишува „Foreign Affairs“. Сепак, јасно е дека овие трошоци ќе бидат огромни.

Земјите кои ги укинуваат ограничувања, исто така, можат да научат од шведските грешки: треба да бидат достапни маските и другата заштитна опрема во старечки домови, а повеќе да се стави акцент на заштитата на вработените во услужниот сектор. Сепак, најважно е да им се помогне на најризичните категории да останат безбедни и да избегнуваат опасности, наместо да ги „заклучуваат“ цели општества.

Слични содржини