„Сите ќе бидете убиени“, амбасадата на Србија во Берн доби заканувачки пораки

од Milan1

Застрашувачки мејл бил испратен во српската амбасада во Берн, пренесуваат српските медиуми.

Мејлот содржи пораки со закани дека ќе бидат убиени сите вработени во Амбасадата во Швајцарија, но и нивните претпоставени во Белград.

– Ако продолжите да се обидувате да ја нападнете полицијата во Јариње кај Северна Митровица, тогаш ќе видите што ќе се случи и со кого си имате работа. Проклети кучкини синови, ќе се погрижам во следните 48 часа да испратам писмо-бомба што ќе го направам сам и ќе ве убијам во Берн и вашите претпоставени во Белград, сите одделно, вие воинствени кучкини синови, се вели во пораката.

Слични содржини