Сите македонски ракометари се негативни на Ковид-19

од Nikola Popovski

Сите ракометари од Македонија биле негативни на денешното ковид-тестирање.

Македонската репрезентација вечерва во Скопје го игра вториот контролен натпревар со Израел.

Протоколот на ЕХФ за учество на ЕП во Унгарија и Словачка предвидува тест на репрезентациите на 4, 7 и 10 јануари, а македонската ракометна репрезентација од Скопје на 11 јануари треба да патува за Дебрецен.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) претходно на 2 јануари соопшти дека сите ракометари во националниот тим се имунизирани против Ковид-19, дека на почетокот на подготовките се направени превентивни тестови и тие се негативни.

Македонија првиот натпревар на ЕП 2022 ќе го одигра на 13 јануари против Словенија, а потоа следуваат натпреварите со Црна Гора и Данска.

Слични содржини