Оддавам признание на македонските полицајци кои денеска добро се справија со целата оваа ситуација и покрај повредените колеги, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасвоски, кој синоќа заедно со заменикот-министер, Митко Чавков, ги посети полицајците што беа повредени при судирот со група мигранти на границата со Грција.

spasovski-gevgelija

Заменик-министерот Чавков рече дека поради специфичноста на состојбата, полицијата не можела соодветно да реагира и изрази жалење што нивните грчки колеги, од другата страна на границата, не помогнале во расчистувањето на ситуацијата, што, според Чавков, било причина да има повредени македонски полицајци.

СДСМ:Одговорниот за кризата во здравството Тодоров почна да бега од самиот себе, а Груевски му помага во тоа

– Иако беа исполнети условите за примена на физичка сила, сепак поради специфичноста на состојбата, односно бидејќи луѓето беа од другата страна на границата, полицајците не беа во можност да реагираат соодветно и навремено. Јас жалам што од другата страна на границата имаше наши колеги од грчката полициска служба, но, тие не реагираа соодветно и навремено што, пред сè беше нивна обврска. Тоа, практично, беше и причината зошто нашите колеги настрадаа – изјави Чавков.

Во инцидентот, како што информираа од МВР, биле повредени 18 полициски службеници.

Вчера, околу 13.30 часот, група од стотина мигранти, на кои не им се дозволува влез во земјава поради мерките за селекција и за профилирање на мигрантите, ги нападнаа и почнаа да фрлаат камења кон припадниците на македонските безбедносни сили, кои во тоа време поставуваа жичена ограда кај котата 59 на македонско-грчката граница.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, кој е раководител на управувачкиот комитет за справување со мигрантската криза, при вчерашната посета на Гевгелија, истакна дека поставувањето на оградата е заради поголема безбедност и контрола на мигрантите што влегуваат на македонска територија и е во согласност со одлуките на другите земји-членки на ЕУ, како и на земјите на балканската рута.

META

Слични содржини