Сите расправии ги заборавив: Бебек се враќа во Дугме?

Жељко Бебек би сакал да се врати во Бјело дугме.

– Што сум постар, чувствував дека се доближуваме едни со други. Дали ќе бидеме соработници, не знам, но од ден во ден се повеќе мислам на нив. Расправиите и кавгите меѓу нас не се повеќе важни, сите ги заборавив. Имаше премногу убави работи за да ги помнам лошите – рекол Бебек.

Продуцентот на бендот Адис Гојак, за Аваз рекол дека и тие би сакале да го видат Бебек повторно во своите редови.

– Драго ми е што така мисли, но прво мораме да договориме состанок, да седнеме и разговараме за можната соработка. И предходно сме разговарале за таа можност. Тоа е наша желба и немаме ништо против. Со задоволство ќе се видам со Бебек и ќе поразговарам со него за можната соработка – рекол Адис.

Тој додал дека, доколку дојде до соработка, првиот концерт со првиот пејач на Бјело дугме, би можел да биде на есен во Сарево.

Последниот пат Бебек настапи во 2005, на мини-турнјата која ги опфари концертите во Сараево, Загреб и Белград. Горан Бреговиќ, Младен Војичиќ Тифа и Ален Исламовиќ на крајот од 2018 година без Бебек настапија на Бјелашинци.

Слични содржини